Килијан Мбапе минатата сезона беше фантастичен во дресот на ПСЖ.
Младиот Французин одигра 43 натпревари и постигна 39 голови од кои 33 беа во првенството на Франција со што беше и најдобар стелец во Лига 1 минатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога игра во таква разбирливо е да има интерес за неговите услуги. Меѓутоа во текот на летото тој остана верен на Париз.
Сепак на доделувањето на наградите за најдобрите Мбапе даде изјава со која ја остави вратата за можно заминување подотворена.
„Можеби е време да превземам поголема одговорност. Тоа може да биде во ПСЖ или некаде на друго место“, изјави Мбапе.
Поради тоа во Париз не можат да бидат сигурни дека Мбапе ќе остане, па поради тоа ќе му понудат нов договор според кој ќе заработува вртоглави 50 милиони евра годишно со бонуси.
Во овој момент 20 годишниот фудбалер има договор до 2022 година, а доколку ја продолжи соработката тогаш ќе се обврзе на верност со ПСЖ до 2024 година.
Inda: «Mbappé ha rechazado una oferta de renovación del PSG de 50 millones netos al año» https://t.co/YFDc8sb8Hc
— okdiario.com (@okdiario) October 15, 2019