Мохамед Салах даде интервју за шпански „АС“ во кое најави дека би можел да замине од Ливерпул.
Шпанскиот новинар го праша дали би сакал да игра за Реал или Барселона. Еве што изјави египетскиот фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоа се гиганти. Никогаш не знаеш што иднината носи, но во овој момент сум сконцентриран на Ливерпул и сакам да освојам уште едно првенство и Лига на шампиони“, изјави Салах.
Новинарот инсистираше на прашањето дали сака да замине од Ливерпул. И тука Салах не даде негативен одговор.
„Тешко прашање. Можам да ви кажам дека се е во рацете на клубот, тие ќе одлучат“, одговори асот на Ливерпул.
Во редовите на Ливерпул Салах пристигна во 2017 година од Рома за 42 милиони евра, една година подоцна потпиша нов побогат договор кој му истекува во 2023 година.
Oваа изјава на Салах секако е изненадувачка за навивачите на Ливерпул, кога некој фудбалер не неигра нешто можно е во позадина да се случува нешто. Во продолжение од интервјуто и откри мал дел каде може да е проблемот. Египќанецот бил разочаран што не бил капитен на Ливерпул во мечот со Мјитиланд.
„Да бидам искрен бев разочаран. Мислев дека ќе бидам капитен, меѓутоа така одлучи тренерот и таа одлука ја прифатив“, заврши Салах.