Дома Фудбал Англија Вака ли стои реалноста: Хари Кејн вреди повеќе од Нејмар?!

Вака ли стои реалноста: Хари Кејн вреди повеќе од Нејмар?!

Англискиот напаѓач, Хари Кејн како што се наведува добил понуда од Реал Мадрид која не се одбива.

„Кралевите“ наводно имаат намера да платат 200 милиони евра за фудбалерот на Тотенхем. Самиот фудбалер, според англиските медиуми сериозно размислува за заминување од Спарси, а некогашниот фудбалер Тони Гејл смета дека во Тотенхем би биле будали ако го продадат човекот кој им носи толку радост.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би биле ненормални ако го продадат. Околу него мораат да создадат тим, да му ги дадат парите кои Реал ги нуди. Тој е еден од најдобрите напаѓачи на светот“, тврди Гејл и додава:

„Сметам дека Кејн вреди повеќе од Нејмар. Хари постигнува погодоци кога и да посака и тоа е најважно“, истакна некогашниот фудбалер.

Кејн и оваа сезона е фантастичен. Настапи на 9 натпревари за лондонскиот тим и постигна 11 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…