Шампионот на „Тwingo Cup“ од 2019 година, Мартин Делев реагираше во јавноста поради неговиот проблем со лиценцата. Делев обвинвуа дека Автомобилистичката федерација на Македонија работи како некоја приватна фирма и прашува дали треба да вози со лиценца од друга држава.
Во продолжение во целост ви ја пренесуваме неговата реакција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Повеќето луѓе кои го познаваат, го следат и живеат со автомобилизмот во нашата земја, ме прашаа зошто не сум на стартната листа за трката во Хунгароринг?
Се уште имам проблем со лиценцата која треба да ми биде издадена од Федерација, со која со месеци се води борба преку сите можни институции и резлутатот е разочарувачки. Санкциониран сум ДОЖИВОТНО, тенденциозно само затоа што членови на нашата федерација водат приватна војна со мојот клуб, АКК „Кастум Кар Реисинг”.
Федерацијата не враќа на дописи од адвокат. Агенцијата за млади и спорт максимално се потруди да помогне, но законот е таков и не може да стори буквално ништо. МОК исто така не може ништо, бидејќи АФМ не плаќа членарина.
Се тоа така се врти во круг, со месеци, дојде новата сезона во која на првата трка на Хунгароринг учествува целиот „Twingo Cup”, а јас како ШАМПИОН од последната сезона имам проблем со македонска лиценца.
На ваков начин се уништува македонскиот автомобилизам, за лечење на нечии комплекси. Според досегашните искуства, оваа пракса нема да има крај, бидејќи Автомобилистичката федерација на Македонија делува како нечија приватна фирма, за што нема каде да се пожалиш, а истите тие може да те казнат како сакаат.
Дали треба да возам со лиценца од друга држава? Вака ли го промовираме македонскиот спорт? Вака ли ги негуваме и ги штитиме талентите во македонскиот спорт? Вака ли го развиваме македонскиот спорт? Ова е прашање кое го упатувам до сите релевантни институции во нашата држава, па и до самиот врв, Владата.”
На шампионот во „Twingo Cup” во сезоната 2019-та, лиценцата му беше одземена тенденциозно и ДОЖИВОТНО поради настап на слободни тренинзи или т.н. „Track Day”, во организација на АКК „Кастум кар реисинг”, тренинзи кои федерацијата го толкува спротивно од правилниците и за кои вели дека се нелегални.
АКК Кастум кар реисинг е еден од најтрофејните клубови во македонската автомобилистичка историја и се залага за безбедност во сообраќајот, поради што се обидува со овие тренинзи, на своја сметка да им овозможи на македонските автомобилисти да тренираат на патека, наместо на македонските улици.