Фудбалерите на Челзи стигнаа до победа против Вест Хем од 1:0 во рамките од 33. коло во англиската Премиер лига.
Челзи така продолжува трката за Лигата на шампионите со градскиот ривал и се зацврсти на табелата со 58 освоени бодови, додека Вест Хем е пети со три бода помалку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голот на одлука го постигна Тимо Вернер во завршницата од првиот дел. Иако видовме повеќе прилики и на двете страни, сепак нов погодок немаше. На Челзи работата беше олеснета во 81. минута кога беше исклучен Фабијан Балбуена.
Со помош на ВАР судијата Крис Каванг утврди дека неговиот старт е за директен црвен картон, па Вест Хем остана со десет играчи до крајот.