Станислав Вавринка се пласираше во третото коло на Вимблдон каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Швајцарскиот тенисер беше искрен и на пресконференцијата изјави дека не гледа никакви шанси против Ѓоковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Убаво е што ќе имам прилика да играм уште еднаш против Ѓоковиќ, ова ќе биде прв наш меч на Вимблдон. Возбуден сум и мило ми е што ќе играме, но мислам дека немам никакви шанси. Ќе се обидам да придонесам за интересен меч, а ако ги погледнете нашите меѓусебни натпревари ќе сфатите колку мали шанси имам“, изјави Вавринка.
Досега Ѓоковиќ и Вавринка се сретнале 27 пати, а српскиот тенисер победил на дури 21 меч.