Викендов на програмата е големото италијанско дерби помеѓу Милан и Јувентус, а овој пат тоа добива на тежина поради одличните резултати на „росонерите“ кои се втори на табелата позади „старата дама“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Капитенот на „бјанконерите“, Џиџи Буфон пред дербито го пофали тренерот на „росонерите“ Винченцо Монтела и истакна дека многу му се допаѓаат младите фудбалери кои ги има Милан.
„Милан оваа сезона игра одлично и заслужено е на второто место. Многу ми се допаѓа како работи Монтела, тој е авангарден тренер кој им дава шанса на младите фудбалери. Милан има многу млади играчи во тимот и сигурно има светла иднина. Сепак, најголема опасност за нас е Карлос Бака кој е нерверојатен голгетер“, истакна Буфон, а потоа проговори за неговиот млад колега Донарума.
„Донарума за мене е како помлад брат. Му давам совети кога сме во репрезентацијата, но тој воопшто не изгледа како некој кој има 17 години, туку како ветеран. Многу е инетрелегентен и мислам дека може да биде еден од најдобрите во светот. Секако му претстои грандиозна кариера“, заклучи легендарниот Буфон.