Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон призна дека не сака да игра финале во Лигата на шампиони против својот поранешен клуб Јувентус.
Буфон цели 12 години го носеше дресот на Јувентус, а ова лето како слободен играч се пресели во ПСЖ каде главна цел ќе му биде освојување на Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во ПСЖ брзо сфатија дека не зеле некој кој старее, туку некој кој е подготвен да се бори за своето место во тимот и сака да им помогне да се развиваат“, изјави Буфон.
Италијанецот со Јувентус загуби три финалиња во ЛШ, па призна дека не сака да се сретне со „старата дама“ во финалето.
„Не ми е жал што го напуштив Јувентус. Нашата разделба беше планирана долго време. Ако треба да се сретнеме со Јуве во Лигата на шампионите, претпочитам тоа да се случи пред финалето. Ако ја освоиме титулата против Јуве нема да можам да се радувам доволно кога ќе ги гледам солзите на моите пријатели и навивачи“, искрен беше Буфон.