Дома Фудбал Италија Буфон најдобар играч во Серија А: Ова се иделаните 11

Буфон најдобар играч во Серија А: Ова се иделаните 11

Синоќа на Гала церемонија традиционално беа избрани најдобрите во Серија А за минатата сезона, па очекувано доминураа фудбалерите на актуелниот шампион.

За најдобар тим беше прогласен шампионот Јувентус, додека титулата за најдобар тренер замина кај предводникот на Наполи, Маурицио Сари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во идеалните 11 доминираат играчите на „старата дама“, а тимот во формација 4-3-3 изгледа вака: Буфон – Дани Алвеш, Бонучи, Кулибали, Алекс Сандро – Наинголан, Пјаниќ, Хамшик – Мертенс, Игуаин, Дибала.

За најдобар фудбалер во Серија А беше избран легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон.

„Кога го гледам овој тим јасно ми е зошто бевме елиминирани од Шведска“, се пошегува Џиџи и додаде:

„Не го очекував ова признание, сепак го држам цврсто бидејќи никогаш не бев избран за најдобар млад фудбалер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…