Дома Фудбал Италија Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Буфон: Во Италија се претерува со фудбалот, овде повеќе се ужива!

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека во Франција не е така стрсно како во неговата татковина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Буфон ова лето после 12 години го напушти Јувентус и направи сензационален трансфер во ПСЖ, каде што ќе остане во следните две години.

„Во Италија малку и се претеруваше со одредени работи. Премногу бевме оптоварени со фудбалот, додека тука пристапот е целосно различен. Овде е поспокојно, поопуштено, повеќе се ужива. Има помалку стрес. Среќен сум и полн со ентузијазам“, изјави Буфон.

40-годишниот Буфон кариерата ја започна во Парма во 1995 година. Од 2001 година до оваа сезона беше дел од Јувентус. За Италија бранеше од 1997 до годинава кога стави крај на репрезентативната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победа за трофеј: Ал Хилал го освои Купот на Саудиска Арабија!

Фудбалерите на Ал Хилал триумфираа против Ал Холуд со 2:1 во финалето на Купот на Саудиска…