Дома Фудбал Англија Бурни реакции на „Олд Трафорд“: Двојните аршини на Тен Хаг прават поделба во соблекувалната?

Бурни реакции на „Олд Трафорд“: Двојните аршини на Тен Хаг прават поделба во соблекувалната?

Маркус Рашфорд и понатаму е главна тема на „Олд Трафорд, а англиските медиуми си го поставуваат прашањето – дали Ерик Тен Хаг има двојни аршини?

Поради чести проблеми со дисцилината Џејдон Санчо беше целосно „избришан“ од холандскиот стратег и на крајот избркан на позајмица во Борусија Дорткумд, додека на Рашфорд како да му се „прогледува низ прсти“ за непрофесионализмот. Да, беше казнет со две неделни плати, меѓутоа останува впечатокот дека за него не важат истите закони кои важеа за Санчо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во медиумите се пишуваат информации од лудувањето на Рашфорд кој наводно едвај стоел на нозе од алкохол, а утрото само се „оправдал“ со порака во групниот разговор на социјалните мрежи дека е болен и не може да присуствува на тренингот.

Новинарите ја искористија прес-конференцијата по натпреварот против Њупорт во ФА Купот да го прашаат за ситуацијата, а Тен Хаг кратко одговори дека тоа е интерна работа на клубот која ќе се обиде да ја реши.

На Островот се пишува дека ваквиот однос на Тен Хаг донел до поделба во соблекувалната бидејќи изгледа како да не важат исти правила за сите. Се потсетува и дека Тен Хаг беше во конфликт со играчи кои го поддржуваа Роналдо додека беше во клубот…Како што стојат работите последниот скандал со Рашфорд би можел дополнително да ја наруши атмосферата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијално додавањена Крос,Реал води во Минхен🎥

Реал Мадрид прв доаѓа во водство во полуфиналниот дуел со  Баерн Минхен по дваесетинаминут…