Пет натпревари беа одиграни во терминот од 15:30 часот од германската Бундес лига.
Тимот на Ајнтрахт беше домаќин на лидерот Борусија, а на крајот оваа средба заврши без победник, 1:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гостите стигнаа до предност во 22-та минута кога Гереиро после одличниот соло продор испрати топка до Ројс кој беше прецизен.
За неполни 15 минути тимот на Ајнтрахт стигна до изедначување. Се се случи после корнерот од левата страна кога „милионерите“ накратко успеаа да се одбранат, но во продолжение од акцијата Да Коста од десната страна центрираше на другата статива каде што одлично реагираше Лука Јовиќ кој ја смести топката во мрежата.
Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.
Актуелниот шампион Баерн Минхен е се подалеку од одбрана на титулата, а денес беа поразени од Леверкузен со 3:1.
После првото полувреме изгледаше дека натпреварот ќе заврши во корист на фаворитот, бидејќи Баерн стигна до предност со голот на Горецка.
Меѓутоа во продолжение видовме потпоп на тимот на Нико Ковач.
Пресвртот го најави Леон Бејли со погодок од слободен удар во 53-тата минута. Десет минути подоцна Кевин Фоланд погодува после асистенцијата од Белараби за 2:1.
Конечните 3:1 ги постави Аларијо во 87-тата минута.
Бундес лига резултати:
Леверкузен – Баерн 3:1
Ајнтрахт – Дортмунд 1:1
Херта – Волфсбург 0:1
Хофенхајм – Фортуна 1:1
Нирмберг – Вердер 1:1