Дома Фудбал Германија БУНДЕСЛИГА: Прв „кикс“ на „Милионерите“, Леверкузен со нов пораз, прва победа за Мајнц!

БУНДЕСЛИГА: Прв „кикс“ на „Милионерите“, Леверкузен со нов пораз, прва победа за Мајнц!

Денес со почеток во 15:30 часот се одиграа пет натпревари во рамките од третото коло во германската Бундеслига.

Екипата на Борусија Дортмунд изненадувачки одигра реми без голови на гостувањето против Фрајбург. „Милионерите“ во натпревар во кој беа апсолутно подобар противник не успеаа да слават.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Избраниците на Тухел имаа скоро 80%  посед на топката, повеќе од 20 удари кон Шволов, а не и им помогна ниту исклучувањето кај домаќините кое го заработи Јорик Равет во 27 минута од средбата.  За Дортмунд ова е прв „кикс“ во првенството откако во првите две кола запиша две победи, додека Фрајбург сега има биланс од две нерешени средби и еден пораз.

Баер Леверкузен продолжува со лошите настапи на стартот од првенството, по поразот од Баерн Минхен и ремито против Хофенахјм, тие денес запишаа пораз во натпреварот против Мајнц од 3:1, додека за Мајнц ова беше прва победа после двата порази на стартот.

Натпреварот за гостите од Леверкузен добро започна, Кохр во 22 минута погоди за водство, предност која ја имаа се до 45 минута кога фудбалерот на домашните Муто погоди за изедначување.  Во вториот дел за победа на Мајнц стрелаа Диало и Сердар.

Во останатите натпревари Аугусбург запиша победа од 3:0, Менхенгладбах запиша минимален пораз од 0:1 против Франкфурт, додека Волфсбург ремизираше против Хановер 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…