Дома Фудбал Италија Брутално искрена изјава на Гатусо после дербито

Брутално искрена изјава на Гатусо после дербито

Милан синоќа пред домашните навивачи ремизираше против Интер (0:0) во градското дерби кое се играше во рамките на заостанатиот натпревар од 27. коло во Серија А.

Росонерите синоќа ја имаа улогата на домаќини против лутиот ривал, но Интер беше многу подобар противник. Љубителите на фудбалот можеа да гледаат одличен натпревар, во кој фалеа само голови, а многу подобри прилики имаше Интер преку Икарди, кој успеа да промаши двапати празен гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По натпреварот пред медиумите се обрати тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, кој во свој стил искрено даде осврт на овој натпревар. Гатусо признава дека Интер беше многу подобар противник и дека заслужи победа во ова дерби.

“Бодот на крајот беше заслужен затоа што се боревме многу добро. Морам да признаам дека Интер навистина заслужуваше победа, бидејќи имаше одлични шанси. Многу грешевме и сум среќен што успеавме да освоиме бод со ваква игра,” изјави Гатусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…