Многу се пишуваше во англиските медиуми за наводната расправија на Бруно Фернандеш со Мегваер на полувремето против Тотенхем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ниту Мегваер, ниту Фернандеш или пак било кој друг од клубот не се огласуваа во јавноста на оваа тема. Сега, Фернандеш конечно се реши да зборува и тврди дека не се случувало ништо такво.
„Многу се пишуваше за тоа. Прво дека сум се расправал со повеќе играчи, па потоа само со Мегваер, па со Линделоф, а на крај со Солскјер. Сетоа тоа се само обид да не извадат од ритам. Ништо од тоа не е вистина. Тренерот ме остави во соблекувалната, но од технички причини. Ми кажа дека натпреварот е скоро готов бидејќи губевме со 1:4 и дека пред нас се уште многу натпревари. Не бев задоволен, но не кажав ништо, посебно не правев глупости пред соиграчите“, изјави Фернандеш.