Дома Фудбал Репрезентации Бруно Фернандеш го коментираше поздравот со Роналдо во репрезентацијата 🎥

Бруно Фернандеш го коментираше поздравот со Роналдо во репрезентацијата 🎥

Бруно Фернандеш oдигра одлично вчера против Нигерија, а по натпреварот зборуваше за ситуацијата со Кристијано Роналдо и контроверзното видео кое беше објавено во понеделникот, на првиот ден од подготовките на португалската репрезентација за Светското првенство.

Фернандеш сепак истакнува дека нема проблем со никого и се што сака е да се фокусира на самиот себе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Немам проблеми со никого. Ја работам својата работа и како што еднаш ми кажа мојот менаџер, се што можеш да контролираш е самиот себе. Мислам дека сите размислуваат на ист начин, треба да се контролираш, да дадеш се од себе и тоа е тоа”.

Новинарот го запраша зошто така ладнокрвно се поздравил со Роналдо.

“Зошто го велши тоа? Потоа беше вклучен звук на знимката. Дали ја гледаше со звук? Мораш да ја погледнеш. Ова е репрезентацијата, а Манчестер Јунајтед ќе биде во мојот фокус по Светското првенство“, истакна ѕвездата на Јунајтед.

Фернандеш истакнува и дека не знае многу за спорното интервју на Роналдо затоа што не го гледал и во овој момент мисли само на Португалија.

СНИМКАТА ОД РОНАЛДО И ФЕРНАНДЕШ

Коментари