Дома Топ вести Бројки за респект: Никој како Феде Валверде!

Бројки за респект: Никој како Феде Валверде!

Фудбалерот на Реал Мадрид и Уругвај, Феде Валверде зад себе има импресивна сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Валверде не успеа да стигне до трофејот на Копа Америка каде што Уругвај стигна до третото место, но тоа беше доволно уругвајскиот играч за врска да испише историја.

Имено, Валверде сезонава одиграл неверојатни 67 натпревари за Реал Мадрид и Уругвај.

Со Реал Мадрид успеа да ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија. Исто така за „кралевите“ запиша осум асистенции и на теренот помина неверојатни 4.280 минути.

Сега пред Валверде е заслужениот одмор, а во новата сезона во дресот на „кралевите“ го чека „осмицата“ која ја наследува од Тони Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…