Германската репрезентација пред четири години се искачи на тронот на светот, а генерацијата која доаѓаше после нив најавуваше долго владеење на Германците во репрезентативниот фудбал, но денес оваа селекција е во сериозна криза.
Со вчерашниот пораз против Франција од 2:1 во четвртото кол ово од Лигата на Нации, Германија остана само на еден освоен бод во новото натпреварувања. Оваа бламажа доаѓа после катастрофалното Светско првенство кога го завршија во групната и тоа како последни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 11 натпревари кои Германија ги одигра во текот на 2018 година победила само три пати и тоа беа тесни победи против Саудиска Арабија и Перу (2:1) на пријателски натпревари и против Шведска на Светското првенство (со гол во последните минути).
Германија изгуби дури шест натпревари оваа година, а тоа не им се случило никогаш претходно во нивната историја долга 108 години. Уште по загрижувачки е фактот што Германија примила 15 погодоци, а постигнала само девет!
Сите овие бројки укажуваат на тоа дека ја гледаме најлошата Германија во историјата. Со овој тим на Германија можеби се споредуваше само оној од Европското првенство во 2000, но вчера добивме потврда дека оваа Германија е полоша. Токму за прв пат после таа 2000 година, Германија доживеа два порази во низа на официјални натпревари.
Како и да е со Германците нешто не е во ред и тоа брзо ќе мора да се менува.
https://www.youtube.com/watch?v=Mb2lOWMm27A