Дома Останати Бројките не лажат: Суперболот повеќе не е атракција како некогаш!

Бројките не лажат: Суперболот повеќе не е атракција како некогаш!

Mинатиот 53-ти по ред Супербол повторно привлече внимание од спортскиот дел на амаериканската јавност, но далеку помал број отколку што тоа беше случај во минатите години.

Мерењата на гледаноста на финалето во НФЛ покажале огромен пад на интересот за омилениот спорт на Американецот. Суперболот одигран во Атланта го следеле најмал број Американци во последната деценија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според официјалните податоци победата на Том Брејди и друштвото преку телевизија и стрим интернет ја следеле 100.7 милиони луѓе на тлото на САД.

За споредба, финалето кое го играа Пистонси и Сиетл Сихокс во 2015 година го следеа 114.5 милиони Американци.

Од тогаш интересот за големото финале е во константен пад.

За само четири години бројот на гледачи посебно во живо драстично се намали, а на тоа влијаеа неколку фактори.

Првиот е доминацијата на Патриотс, тим кој играше четири од последните пет финалиња, три пати победуваа.

Вториот е „случајот Каперник“ човек поради кој многу престанаа да следат НФЛ во знак на солидарност со поранешниот квотербек на Сан Франсиско кој предизвика бура во САД со клечењето на химната пред секој натпревар.

Каперник така укажа на насилството на американската полиција кон Афроамериканците во тие денови, а поддршка доби од голем број луѓе и славни личности.

Сепак, таквиот став му донесе големи проблеми бидејќи си ја затвори врата во секој клуб од заминувањето од Сан Франсиско. Од тогаш е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатниот Дуплантис по осми пат си го сруши сопствениот рекорд

Неверојатниот Арманд Дуплантис неколку години наназад ги поместува границите во светската …