Дома Топ вести Бројките не лажат: Зошто овој тандем на Реал не може заедно на теренот?

Бројките не лажат: Зошто овој тандем на Реал не може заедно на теренот?

Зидан има тешка одлука затоа што на теренот изгледа мора да биде само еден.

Бројките покажуваат, Зидан не верува во овој тандем. Мадритски „АС“ својата насловна страна ја посвети на Еден Азар и Винисиус Жуниор. Насловот гласеше „Азар – Винисиус може само еден“. „АС“ ја анализираше ситуацијата и дојде до заклучок дека Зидан не верува дека овие двајца се компатибилни заедно да бидат на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа најдобро го покажуваат и бројките. Азар и Винисиус на теренот заедно поминале само 87 минути и тоа само на четири натпревари и на три од нив Реал не победил. Последен пат заедно овој тандем на теренот беше уште н 2. ноември минатата година.

Навистина, Азар подоцна се повреди, но преед тоа на теренот помина 1124 минути и само 87 со Винисиус. Бразилецот подоцна на некој начин ја искористи приликата, посебно се истакна во „Ел Класико“ против Барселона кога постигна гол за 1:0 и беше еден од најдобрите на теренот.

Она што е најголем проблем за Винисиус е што Зидан не верува дека може да игра како десно крило, позиција на која помина само 48 минути на два натпревари. Зидан на позицијата покрај десната аут линија повеќе им верува на Герет Бејл, Родриго и Лукас Васкез, а не треба да се заборави дека на таа позиција играше и Иско со малку поинаква улога на теренот.

Друг проблем за Бразилецот е што Азар е тој кој најмногу профитираше од пандемијата бидејќи изминатите два месеци ги искористи да се опорави од повредата на стапалото и се очекува да биде спремен за јуни кога Ла Лига ќе продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…