Дома Фудбал Италија Бројките велат: Јувентус сезонава е најоштетениот тим Серија А

Бројките велат: Јувентус сезонава е најоштетениот тим Серија А

Јувентус зад себе има една турбулентна сезона во која прво му беа одземени 15 бодови, па потоа вратени, беше промената и клупската управа, а бројките покажуваат и дека имале проблем со судиските одлуки.

Порталот „Калчомеркато“ се занимаваше со судиските одлуки и според нивната пресметка „старата дама“ е тимот кој е најмногу оштетен.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тие пресметките ги правеа во неколку категории и одредија бодови кои одат во плус или минус.

Неправедно поништен гол: Три бода ако влијае, еден ако не влијае на резултатот

Неправедно признат гол: Три бода ако влијае, еден ако не влијае на резултатот

Недосуден пенал: Два бода ако влијае, еден ако не влијае на резултатот

Неправедно досуден пенал: Два ако влијае на резултатот, еден ако не влијае на резултатот

Неисклучен играч кој требало да биде исклучен: Два ако влијае, еден ако не влијае на играта

Неправедно исклучување: Два ако влијае на играта, три ако не влијае

Одлучувачка судиска одлука (слободен удар, или корнер по кој бил постигнат гол) еден

По направените пресметки заклучено било дека судиите најмногу ги оштетиле Јувентус и Сампдорија за дури осум бодови. Сампдорија од поодамна е на дното на табелата додека Јувентус со враќањето на 15 бодови е на третата позиција на табелата.

На врвот на листата клубови кои најмногу добиле „помош“ од судиите се Салернитана со осум бодови, Лацио, Специја и Аталанта по шест. Наполи кој е лидер добил еден бод плус, а Милан и Интер се во минус со три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…