Новак Ѓоковиќ денес ќе го продолжи својот поход кон 24-тата грен-слем титула во кариерата, а противник во полуфиналето на Вимблдон ќе му биде Јаник Синер, мечот започнува во 14:30 часот.
Сепак и покрај големиот успех, Ѓоковиќ и понатаму се соочува со свирежи од трибините, многу луѓе ги оспоруваат неговите успеси. Но, веројатно оние кои подобро го познаваат имаа сосема друго мислење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега британскиот тенисер Лиам Броди во разговор за „Талк Спорт“ застана во одбрана на Ѓоковиќ.
„Кога и да зборувате со Новак, гледате дека е добар човек кој стои цврсто на земја. Пред неколку дена седеше и ручаше, а моите братучеди го прекинаа за да се сликаат. Воопшто не се налути, со насмевка им ја исполни желбата и им подели автограми“.
Смета дека ќе ја разберат големината на Новак кога ќе замине во пензија.
„Би кажал дека луѓето за него ќе разберат многу работи дури кога ќе замине во пензија. Тој ден кога ќе го напушти овој спорт, сите ќе бидат свесни што направи. Бројките кои ги имаат Роналдо и Меси во фудбалот, Ѓоковиќ ги има во тенисот“, изјави Броди.