Новак Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на јавноста поради случувањата на неговиот прв меч на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ по победата во три сета против Александар Ковачевиќ на камерата напиша „Косово е срцето на србија. Стоп за насилствоо“. Таа негова порака предизвика бурни реакции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На таа тема се огласи и британскиот новинар Оливер Браун кој пишува за „Телеграф“.
„Отакажте се, уништете му ја репутацијата, депортирајте го – на Новак Ѓоковиќ не му е гајле“, е насловот на текстот на Браун.
Посебно во текстот истакнува еден детал.
„Фамата околу Косово е идеална за човек кој ужива да биде во менталитет „само против сите““, е ставот на Браун.
Британецот низ анализа го опиша менталитетот на Новак.
„Ако за Ѓоковиќ е нешто важно е тоа што не му е гајле што другите мислат. Можете да правите што сакате, нема да му нанесете ниту најмала пукнатина на неговиот психолошки оклоп“.
Направи споредба Браун и ушто би се случило ако слична порака испрател Медведев.
„Силни се неговите чувства врзани за случувањата на Косово каде што повеќе од 50 луѓе беа повредени поради обидот на Србите да спречат нова албанска власт. Неговиот татко Срѓан е роден на Косово и Новак се води по српскиот националистички наратив дека Косово е дел од Србија, иако прогласи независност во 2008 година.
Ѓоковиќ не е искрен кога инсистира дека нема намера да влегува во политичка дебата. Сепак, неговата порака е малку повеќе од антинасилен солган. Тој јасно поддржува инсистирање на своја земја на територијален сувернитет на друга држава. Ако некој друг го направеше тоа ќе се јавеа многу повеќе негативни реакции. Замислете Медведев да напишеше „Крим е срцето на Рсија““, истакнува Браун.