Дома Фудбал Италија Бреша реагираше на изјавата на Балотели за Јувентус

Бреша реагираше на изјавата на Балотели за Јувентус

Maрио Балотели вчера излезе во јавноста со изјава дека Серија А се прекинала дури кога Јувентус се фрати на врвот на табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Лацио е пресилен. Мораа да го вратат Јувентус на првото место па потоа да го прекинат првенството“, изјави напаѓачот на Бреша.

Ќе потсетиме Јувентус минатата недела пред празни трибини на свој терен го победи Интер со 2:0 и се врати на врвот на табелата, а поради пандемијата на коронавирусот лигата потоа беше прекината.

По ваквата изјава на Балотели се огласи и неговиот клуб Бреша.

„Имено, Марио Балотели за врене на Инстаграм преносот во живо кој е повторен на Јутуб ја коментираше наклонетоста кон Јувентус кој е кандидат за шампион на Италија. Бреша нагласува дека таквиот став е строго личен и никако не треба да се поврзува со ставот на клубот“, соопштија од Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Судир на гол мaшини: Холанд и Кејн постигнаа 131 гол оваа сезона!

Во четвртфиналниот дуел меѓу Норвешка и Англија на Светското првенство нема да се бори сам…