Англискиот премиерлигаш Лестер ќе се обиде да го ангажира поранешниот менаџер на Ливерпул и сегашен на Селтик, Брендан Роџерс за нов кормилар на клупата.
Брендан Роџерс веројатно ќе го замени довчерашниот менаџер на тимот, Клод Пуел, кој во неделата заработи отказ во Лестер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно, Брендан Роџерс вети дека оваа сезона ќе ја заврши во Селтик и ќе се обиде да ја освои третата титула по ред со овој клуб во шампионатот.
Сепак, од Лестер се убедени дека можат да извршат притисок и порано да го донесат Роџерс на својата клупа.
Сумата од 5 милиони футни оштета не претставува проблем за Лисиците, но последниот збор сепак ќе се чека од Роџерс, кој се уште е на ставот дека ќе ја заврши сезоната во Шкотска.