Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница ќе игра пријателски натпревар против Пирин во Благоевград

Брегалница ќе игра пријателски натпревар против Пирин во Благоевград

Пред нас е паузата во клупскиот фудбал поради обврските на фудбалерите кон репрезентацијата, а штипска Брегалница потврди дека оваа пауза ќе ја искористи за одигрување пријателски натпревари.

Од клубот потврдија дека е договорен пријателски натпревар против бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград. Натпреварот ќе се игра в сабота (24. септември) на стадионот „Христо Ботев“, терминот е 15:00 часот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова ќе биде нова можност за Илчо Ѓорѓиоски и неговиот стручен штаб да ги провберат играчите кои во првенството добиваат помала минутажа, но секако прилика и за одржување на натпреварувачкиот ритам.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…