Поранешниот фудбалер на белградски Партизан и младински репрезентативец на Србија, Урош Дамњановиќ е најновото засилување на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
26-годишниот Дамњановиќ, потпишувајќи договор со „сините“, ќе биде големо засилување за средниот ред на тимот. Дамњановиќ веќе ги мина подготовките со Брегалница во Анталија, постигнувајќи и два погодоци во победата од 3-0 против казахстанскиот шампион Тобол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Среќен сум што доаѓам во амбициозен клуб како Брегалница. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на сите навивачи на клубот, во желбата и за постигнување на зацртаните цели во престојната сезона“ – истакна Дамњановиќ по официјализирањето на договорот со штипскиот клуб.
Урош Дамњановиќ потекнува од фудбалската школа на белградски Рад. Во својата кариера има настапувано и за Телеоптик, Партизан, Раднички Ниш и Радник во Србија, како и за словачкиот шампион Слован Братислава. Како еден од најголемите таленти на српскиот фудбал во својата генерација ги мина и сите младински репрезентации на Србија почнувајќи од онаа до 17 година, па се до младата селекција на Србија за фудбалери до 21 година