Браќата Бабунски, Давид и Доријан ќе бидат дел од македонската репрезентација за баражот против Италија.
За првпат браќата Бабунски заедно ќе бидат дел од најсилната македонската репрезентација. Давид дебитираше пред една деценија, но потоа не добиваше повик, додека Доријан првпат повик доби минатата година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Повеќе изненадува повикот за Давид кој за македонската репрезентација нема настап од поодамна иако беше лидер и капите на генерацијата кој токму предводена од Милевски настапи на У21 Еуро во 2017 година. Вкупно во „А“ селекцијата Давиди ма девет настапи.
Сепак за Дебрецин каде што од неодамна е соиграч со својот брат прикажува одлични настапи, а тука се и суспензиите на Костадинов и Елмас. Адеми исто така е неизвесен.
Баражот со Италија е закажан за на 24. март, а селекторот конечниот список ќе го објави наредната недела.