Дома Фудбал Англија Брајтон после Арсенал го реши и Тотенхем!

Брајтон после Арсенал го реши и Тотенхем!

Во првиот натпревар од 33. коло во англиската Премиер Лига Брајтон на гости го победи Тотенхем со 1:0.

Тотенхам на својот стадион во Лондон имаше императив од победа и се очекуваше тимот на Антонио Конте да стигне до трите бода затоа што играат во добра форма и се борат за четвртата позиција и место кое води во ЛШ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брајтон се покажа како ривал кој може секого да победи, во претходното коло го победија Арсенал на „Емирати“. Во добар дел од натпреварот гостите беа посериозни и поконкретни. Спарсите играа под очекувањата, а во 90. минута со голот на Тросард гостинот дојде до заслужена победа.

Тотенхем сега е четврти со 57 бода, но има дури два натпревари помалку од Арснеал кој е петти со 54 бода. Вест Хем има 51 бод од 32 одиграни натпревари, а исто толку бодови и 31 натпревар има Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…