Лебро Џејмс вчера ги прифати условите и потпиша четиригодишен договор со ЛА Лејкерс, а еден од првите кои му посакаа добредојде е Коби Брајант.
Легендарниот Коби изјави дека му се допаѓа потегот на Леброн и дека е среќен што својата каериера ќе ја продолжи токму во Лос Анџелес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Добредојде во семејството.“, напиша Коби Брајант на својот Твитер и така му посака многу среќа во новиот дрес.
Американските медиуми исто така пренесуваат дека Леброн разговарал со Коби пред да се сретне со претседателот на клубот, со кој покасно ги договорил деталите.
Да потсетиме, Леброн Џејмс во Лејкерс за четири години ќе заработи 154 милиони долари.