Фудбалскиот свет осум години подоцна не ја заборава епската прослава на Марио Балотели против Германија во 2012 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денешниот напаѓач на Бреша тогаш беше во зенитот на кариерата и воедно нерешлива енигма за Германија на која и даде два гола во полуфиналето, покрај одличната игра во тој натпревар ќе остане запаметен и по неговата прослава.
После постигнувањето на вториот гол Балотели ја соблече маицата и на сите им ги покажа своите мускули, а зошто се одлучил на ваква прослава раскажа неговиот биолошки брат Енок.
„Марио ми подари дрес од Порто кој го размени кога играше во Манчестер Сити. И кога ќе игравме Плејстејшн секогаш ги прославуваше головите како Хулк. Затоа го прослави голот во стилот на Хулк. Видеоигрите ми одат подобро отколку на него, а со тоа не се носи најдобро и знае да се налути, да го фрли џоистикот или да почне да вика…Не е лесно да се живее со него. Полн е со енергија, никогаш не е мирен. Некогаш кога одмарате знае да дојде и да ве разбуди. Но, тој негов оптимизам многу ми помогна во животот“, раскажа братот на „Супер Марио“.