Дома Топ вести Бразилците откриваат: Нејмар заминува поради третманот, возењето со автобус, противниците…

Бразилците откриваат: Нејмар заминува поради третманот, возењето со автобус, противниците…

neymar

Според Бразилците има пет, а доколку се точни тогаш Нејмар не се распрашал добро за француската лига пред минатото лето да пристигне во Париз.

Бразилските медиуми и понатам инсистираат на тоа дека Нејмар сака да го напушти Пари Сен Жермен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Globe Esporte“ наведува дека Нејмар на делегацијата од Париз и соопштил дека сака да замине, но и ги истакнуваат главните причини за таквата негова одлука.

Првиот и основен е грубоста на ривалите кои се многу послаби. Статистиката кажува дека го фаулираат шест пати на натпреварите, скоро двојно повеќе отколку во Шпанија. Исто така судиите не го заштитуваат, критериумот е поинаков.

Тој веќе има лоша репутација поради која судиите не посветуваат внимание на неговите приговори.

Нејмар наводно е разочаран и од квалитетот на лигата, па иако Марсеј, Лион, Монако играат во европските купува, сето тоа изгледа послабо од Шпанија, нема големи натпревари, многу натпревари лесно се добиваат…

Покрај тоа терените се полоши во однос на Шпанија, па и инфраструктурата на стадионот.

На сето тоа Нејмар не сака да патува со автобус на натпреварите, ПСЖ тоа го прави на поголемиот дел натпревари кои се поблиску до Париз, додека Барса секаде патува со авион, освен во градското дерби. Бразилецот смета дека тоа влијае на концентрацијата на играчите.

Сепак не е јасно каде би заминал. Секако, првата асоцијација е Реал Мадрид, но ПСЖ бара огромни 400 милиони евра, па не е јасно дали Перез би издвоил толкава сума за само еден играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…