Дома Фудбал Останато Бразилски клуб ќе ги вакцинира своите навивачи

Бразилски клуб ќе ги вакцинира своите навивачи

Бразилскиот клуб Атлетико Параненсе се одлучи на еден интересен потег во најфудбалската земја и освојувачот на Копа Судамерикана (вториот најважен трофеј во Јужна Америка).

Имено, овој клуб се одлучил да ги имунизира своите навивачи. Бразил е една од најпогодените земји од пандемијата со ковид-19 со над 13 милиони заболени и скоро 350.000 починати лица.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Атлетико нарачал вакцини за сите вработени во клубот, а сите фудбалери, стручен штаб младинскиот погон, па и за навивачите. Нивната цел е што побрзо да ја имаат поддршката од своите фанови на трибините.

Според бројките кои се објавени помеѓу 20 и 30 илјади навивачи кои плаќаат годишна чланарина ќе добијат вакцина од клубот. Можноста Атлетико како клуб да дојде до вакцини доаѓа откако бразилската влада одлучи секоја приватна фирма да може да си набави вакцини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп отвори профил на Инстаграм и направи – хаос! 🎥

Jирген Клоп заминува од Ливерпул, утре за германскиот стратег ќе биде последниот натпревар…