Бразилскиот селектор, тврди дека и самиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се распрашувал за Фред.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Играчот за врска на Шахтјор беше интересен за Гвардиола, па тој кај бразилскиот селектор одлучил да побара информации за 25-годишниот фуудбалер по кого трага половина Европа.
„Фред? Играше доста за Шахтјор. Добар е, а за него ме праша и Пеп Гвардиола додека разговаравме“, истакна Тите.
Тоа би можело да значи само едно- на лето Гвардиола најверојатно ќе тргне по доведување на Фред, кој би можел дазаигра и на СП во Русија.
Фред на 26 натпревари во дресот на Шахтјор постигна три погодоци и запиша четири асистенции во оваа сезона, а во ЛШ постигна еден погодок во седум настапи.
Неговиот тим во вторник гостува во Рим во реванш средбата од осминафиналето во ЛШ.