Барселона убедливо ја победи Севиља со 6:1 во реваншот од четвртфиналето на шпанскиот куп откако во првиот натпревар изгубија со 2:0.
На оваа средба целиот тим на Барселона изгледаше перфектно, а со една маестрална асистенција се истакна младиот 22 годишен бразилски играч за врска, Артур.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 31-та минута од средба Ракитиќ постигна погодок, но немаше многу тешка задача после чудесното проигрување од Бразилецот.
„Артур го водеше каталонскиот оркестар како што некогаш тоа го правеше маестро Чави. Или тоа беше Чави кој се врати на „Ноу Камп“ во телото на Бразилецот?“, се запраша „Марка“.
https://youtu.be/jQ1T-DIz-EA