Дома Македонски спорт Мак фудбал Бојан Иванов од Слога Виница е ново засилување за Работнички

Бојан Иванов од Слога Виница е ново засилување за Работнички

Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Бојан Иванов, 27-годишниот играч за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.

Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски. Тој од стартот на подготовките се приклучи на тимот, а сега и официјално се договори за двегодишна соработка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иванов во досегашната кариера настапувал за Македонија ЃП, Борец Велес, Академија Пандев, Овче Поле, Плачковица, Саса, Брегалница и за Слога Виница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…