Босанскиот клуб НК Берковица одлучи да се пошегува со ситуацијата со Меси.
Веќе неколку дена се шпекулира за тоа каде Меси би можел да ја продолжи кариерата. Па на таа тема се огласија и од Берковица. Тие порачаа дека немаат намера да го доведат Меси затоа што бил премногу стар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„После пишувањето на одредени портали за интеренот на НК Берковица за волшебникот Лионел Меси и изразената желба за доаѓањето го контактиравме тренерот на НК Берковица Елвир Абудијановиќ и тој ни кажа: Можам официјално да потврдам дека НК Берковица нема да испрати понуда за Меси. Со сета почит кон неговите квалитети станува збор за играч кој има 33 години и не е интересен за нас во овој момент“, стои во дел од „официјалното“ соопштение.