Србинот Милан Борјан настапува за Канада, па имаше непријатности на мечот против Хрватска.
Тој беше навредуван од хрватските навивачи од трибините. Борјан по мечот откри дека на неговиот телефон добил над 2.500 пораки со навредлива содржина од хрватските навивачи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Фудбалерите на Хрватска се господа, но затоа нивните навивачи се примитивци. Ниту имам што да кажам за нив, сами си го покажаа лицето. Ме навредуваа постојано, изгледа имаат фрустрации од дома, па тоа го покажуваат тука. Треба да поработат на себе и своите семејства“, кажа Борјан.
Во одбрана на голманот застана и хрватскиот фудбалер Бруно Петковиќ кој кажа дека не се убави такви пораки од трибините.