Дома Фудбал Борусија Дортмунд со сериозно засилување пред новата сезона

Борусија Дортмунд со сериозно засилување пред новата сезона

Германскиот фудбалер Валдемар Антон се пресели од Штутгарт во Борусија Дортмунд, објави неодамнешниот финалист во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд потпиша со Валдемар Антон (27) од Штутгарт. Централниот дефанзивец, кој беше дел од репрезентацијата на Германија на Европското првенство, а неодамна играше и во четвртфиналето против Шпанија, овој понеделник потпиша договор со важност до 30 јуни 2028 година – стои во соопштението на клупската веб-страница.

Навистина се радувам на мојот прв натпревар во Борусија пред навивачите и моите соиграчи. Првично не планирав да го менувам клубот, но потоа дојде Борусија. Врвен клуб кој стигна до финалето на Лигата на шампионите. Ова покажува колкав потенцијал има овој клуб. Од самиот почеток сите во Дортмунд ми даваа чувство дека навистина сакаат да ме донесат и дека можам и треба да преземам важна улога. Подготвен сум за тоа – изјави Антон за клупската веб-страница.

Антон четири години беше член на Штутгарт, а претходно четири сезони помина во Хановер. За германската репрезентација дебитираше во март годинава и одигра четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

28-годишен репрезентативец од Манчестер Јунајтед размислува да ја заврши кариерата

Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед и Мароко, Нусер Мазрауи, даде навестување дека Св…