Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд сезоната ја отвори со „петарда“

Борусија Дортмунд сезоната ја отвори со „петарда“

Фудбалерите на Борусија Дортмунд одлично ја отворија новата сезона и со 5:1 на свој терен беа подобри од Аугусбург.

Не започна се добро за Борусија откако Флоријан Нидеерлачер во 30-тата секунда погоди за водство на Аугусбург.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак уште во третата минута Борусија изедначи, а стрелец беше Пако Алкасер. Борусија потоа доминираше на теренот и создаде неколку одлични прилики да постигне гол. Меѓутоа во првите 45 минути видовме само по еден гол на двете страни.

Одбраната на гостите не издржа во второто полувреме кога Џадон Санчо во 51-та минута постигна гол за 2:1

Само шест минути подоцна беше 3:1, а Марко Ројс постигна гол. Две минути подоцна дилеми околу победникот беа отстранети со голот на Пако Алкасер за 4:1.

Борусија напаѓаше, а во 82-та минута Јулијан Брендт ги постави конечните 5:1.

Леверкузен и Падерборн одиграа одличен натпревар, а домаќинот на крајот славеше со 3:2. Фрајбуег на свој терен беше сигурен против Мајнц (3:0), а победа запиша и Фортуна Дизелдорф против Вердер (3:1).

Волфсбург на свој терен запиша победа против Келн од 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…