Дома Фудбал Германија Борусија Дортмунд го промени името и грбот

Борусија Дортмунд го промени името и грбот

Борусија Дортмунд е еден од најпопуларните германски клубови препознатливи по лојалните навивачи.

Борусија Дротмунд се одлучи да го промени клупското име и грбот, но само на краток период за да укажат на сериозните проблеми кои навивачите ги поддржуваат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новото име е Russi Drtmund, додека симболот од грбот BVB 09 сега е V9.

Сите букви А,Б и бројот 0 се тргнат од името и грбот, а германскиот клуб имаше причина за тоа.

Имено, во Борусија се одлучиле да покажат колку е важно да се донира крв на светскиот Ден за дарување на крв, кој се одбележува денеска, 14. јуни.

„За нас тоа се само букви, но за некои А, Б и 0 се витални за живот. Донирајте крв, спасете живот.“, порачаа од Борусија.

Инаку, во светот има се помалку крвни резерви, па во Борусија одлучиле да укажат на тој проблем и да ги повикаат сите да даруваат крв.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …