Репрезентацијата на Македонија вчера славеше во натпреварот против Исланд во Рејкавик.
До победата стигнавме на драматичен начин, со гол на Дејан Манасков во последната секунда. Овој натпревар беше дебитантски за селекторот Данило Брестовац на клупата на Македонија и секако дека нашата цела спортска јавност е среќна што стартуваше со победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После победата на својот Фејсбук профил се огласи еден од најискусните во оваа селекција на Македонија, голманот Борко Ристовски кој му честиташе на Брестовац за одличното деби.
Борко објави фотографија со Брестовац под која напиша:
„Честито ватрено крштевање селекторе!! Да ти се множат победите! Нова селектор, нова тактика…нова победа“.