Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко: Вардар покажа големина и карактер кога беше најпотребно!

Борко: Вардар покажа големина и карактер кога беше најпотребно!

Вардар денес со победата против Тиквеш ја одбрани титулата во македонското првенство.

Пехарот претседателот на Ракометната федерација на Македонија го предаде на еден од најискусните во редовите на црвено-црните, Борко Ристовски. Ристовски по натпреварот истакна дека Вардар уште еднаш во вистински момент ја покажал својата големина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Зад нас е една турбулентна сезона во која имавме подеми и падови, но Вардар повторно во вистински момент ја покажа својата големина и ја освоивме двојната круна. Горд сум на сите во екипата, се издигнавме после лошиот кикс со вториот тим на Еурофарм Пелистер. Во такви ситуации морате да имате карактер за да останете смирени“, изјави Ристовски.

Вардар клучната победа за освојување на првенството ја направи на четири кола до крајот кога во Битола славеше против најголемиот ривал, Еурофарм Пелистер и така го врати „брејкот“ на битолскиот состав од Скопје.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…