Дома Македонски спорт Мак фудбал Борец првпат падна дома: Аврамовски херој за Вардар! (ВИДЕО)

Борец првпат падна дома: Аврамовски херој за Вардар! (ВИДЕО)

Во рамките од 20. коло во македонската прва лига својот натпревар во Велес го одиграа Борец и лидерот Вардар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вардар денес одигра нешто подобро од домаќините, создаде повеќе прилики и на крајот победи минимално со 0:1.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 33 минута кога Аврамовски се најде на вистинското место после обидот на Цветановски и ја смести топката во мрежата на велешани.

Во продолжение од натпреварот гледавме повеќе игра на средината од теренот, Борец не создаваше премногу шанси. Мрежата на Гачевски еднаш се затренесе но голот Прелчец беше поништен поради офсајд. . Покрај голот Аврамовски во финишот пропушти и една 100% прилика да обезбеди повисока победа.

Борец сезонава е одличен на домашен терен и денешниот пораз за нив е прв сезонава на стадионот „Зоран Паунов“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…