Дома Фудбал Италија Бонучи после дебаклот во Рим: Оваа шлаканица треба да не освести!

Бонучи после дебаклот во Рим: Оваа шлаканица треба да не освести!

Милан викендов доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Лацио, па „росонерите“ се на мета на жестоки критики од страна на италијанската јавност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголеми критики доби најскапото засилување на „росонерите“, Леонардо Бонучи кој истакна дека овој пораз треба да биде добра лекција.

„Ова ни беше вистинска шлаканица, која треба да не освести. Не смееме да паднеме по овој пораз. Игравме добро се до пеналот и потоа се се смени. Потребно е сите играчи да бидат максимално пожртвувани ако сакаме да направиме добар резултат“, истакна Бонучи.

„Не личевме на себе, не игравме како што знаеме кога ја имавме топката во посед, а најмногу потфрливме кога таа беше кај противникот. Разочарани сме, но знаеме дека овој тим е нов и доколку сакаме да станеме голем тим ова не смее да се повтори“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …