Дома Фудбал Италија Бонучи открива кој е виновникот за трансферот во Милан и конечно признава: Не сакав да заминам…

Бонучи открива кој е виновникот за трансферот во Милан и конечно признава: Не сакав да заминам…

Ова лето понуди рекордни трансфери, но и изненадувачки мора да се признае.

Најпрво, трансферот на Нејмар, но секако и оној на Бонучи од Јувентус во Милан. Имаше големи понуди од англиски екипи, Манчестер Сити и Челси, но замина кај лутиот ривал. Покрај тоа веднаш ја доби и капитенската лента.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, полека на површина испливуваат сите нејаснотии околу шокантната одлука на Бонучи, а еве дел од неговото признание и во италијанските медиуми:

„Слушнав дека велат дека сум сакал да заминам во Милан и морам да кажам дека тоа во потполност не е вистинс. Јувентус и Алегри направија јасни избори и ми дадоа до знаење дека веќе не сметаат на мене. Имав други понуди, но го избрав Милан и среќен сум поради тоа. Секако ќе останев во Јувентус доколку тие го сакаа тоа, и да биде јасно тие се заслужни што јас денес сум на „Сн Сиро“. Се започна во Порто кога бев казнет и останав сам на трибините, но и пред тоа имаше неколку инциденти. Се надевам дека во Милан ќе успеам онака како што Пирло успеа кога пристигна во Јуве. На Алегри не му замерувам ништо. Доколку повторно соработуваме, во ред. Професионалнци сме и така се однесуваме. Барем јас…“, истакна Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…