Дома Фудбал Италија Бонучи: Го одбив Лацио, ова е моја последна сезона во кариерата

Бонучи: Го одбив Лацио, ова е моја последна сезона во кариерата

Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Бонучи летово си замина од Јувентус откако во клубот беше означен како „вишок“, а оваа сезона ќе ја помине во редовите на Унион Берлин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот Бонучи потврди дека сезонава ќе биде и негова последна во кариерата, имал опција и да остане во Серија А во дресот на Лацио.

„Пред себе имав само две опции – Лацио и Унион. Се одлучив за Унион затоа што сакав да пробам нешто ново. Ова е моја последна сезона во кариерата, потоа веројатно ќе започнам да работам како тренер. Германија овозможува да подобрите некои дисциплински и професионални методи“, изјави Бонучи.

Бонучи претходните 12 години ги помина во Јувентус, а во минатата сезона собра 26 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден од најдобрите босански фудбалери може да заврши во Челси!

Англискиот Челзи се истакнува како главен кандидат за привлекување на младиот репрезентати…