Искусниот стопер Леонардо Бонучи смета дека со доаѓањето на Џенаро Гатусо, Милан стана доста подобар.
Росонерите се без пораз во последните 10 натпревари, забележаа седум победи, од кои последната беше синоќа против Сампдорија. Милан делува конечно озбилна екипа, а Гатусо успеа за кратко време раштиманиот оркестар да го спои во едно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Од доаѓањето на Гатусо комплетно се променивме. Се створи тим, се сме подобри и направивме огромен чекор, па на нас ни останува само да продолжиме да го градиме ова што го имаме.“ – изјави Бонучи и продолжи:
„Гатусо ни даде менталитет и една доза физичка спремност. Во суштина, добивме од него се што ни недостасуваше. Не бевме тим, а не бевме и физички спремни, меѓутоа, сега сме совршени.“