Дома Фудбал Лига на шампиони „Бонбона ждреб“…Се сеќавате на насловните страници на каталонските медиуми? (Фото)

„Бонбона ждреб“…Се сеќавате на насловните страници на каталонските медиуми? (Фото)

Дополнителна мотивација за фудбалерите на Рома во четвртфиналните натпревари веројатно беа и насловните страници на медиумите во Каталонија.

Најпопуларниот каталонски весник „Спорт“ по ждребот за ¼ финалните натпревари излезе со наслов „Бонбона“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следуваше и објаснување, исто така на насловната страна стоеше: „Барселона на ждребот во Лигата на шампионите имаше среќа и оваа сеозна веќе може да се атакува на тројна круна. Барса ја извлече Рома, противникот кој го посакуваше. Трофејот во Ла Лига е во „џеб“, во купот е во финале, а сега и се отвара вратат за уште една историска сезона“…

„Спорт“ не застана тука. На денот на реваншот во Рим и после победата во првиот натпревар од 4:1 излезе со наслов „Веќе се во полуфиналето“, со фотографија од Меси и Суарез.

Покрај тоа пишуваше: Откако две години во низа беше елиминирана во ¼ финалето, Барселона денес мора да ја заврши работата во Лигата на шампионите и да го продоложи ловот на тројна круна во оваа фантастична сезона.

Денес, после големата победа на Рома на насловната страна се појави слика од Џеко и разочараниот Пике со наслов: Дебакл за кој нема извинување“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…