Дома Топ вести „Бомба“: Трансферот на Мбапе во Реал Мадрид е практично договорен

„Бомба“: Трансферот на Мбапе во Реал Мадрид е практично договорен

Поранешниот фудбалер на Пари Сент Жермен, Жером Ротен тврди дека Килијан Мбапе веќе се имал договорено за трансфер во Реал Мадрид пред да почне пандемијата на корона вирусот.

Ротен по завршувањето на одличната играчка кариера стана водител на спортскиот програм на „Радио Монте Карло“ и често има ексклузивни информации кои ги пласира во јавноста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега тврди дека има информација дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е готова работа, но дека би можел да биде одложен поради ситуацијата со пандемијата.

„Го знам тоа од извори во клубот, договорот за трансфер на Килијан во Реал бил речиси готов. Но, сега со се што се случува, сметам дека тој трансфер ќе се одложи. Нема шанси Мбапе да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен бидејќи не е задоволен од својата позиција, така што е само прашање на време“, вели Ротен.

21-годишниот Французиин има договор до ПСЖ до 2022 година,  но во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со „светците“, а не е тајна дека Мбапе е голема трансфер желба на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…